Кокаинот од Колумбија бил сокриен во банани, приведени се четири лица

Кокаинот бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја. Приведени се четири лица и отворена е финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата. Во тек е истрага и за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, информираше на прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.