Заев за Новите години со децата со посебни потреби

Во новата емисија "Еден на еден", поранешниот премиер Зоран Заев раскажа дека 13 години по ред, новогодишната ноќ ја поминувал во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. „ Многу често како градоначалник, не сум имал прилика да славам Нова година. Знаат струмичани, 13 години по ред, Новата година ја чекав во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. За мене Новата година е како излегување во сабота вечер“, раскажа Заев за времето кога беше градоначалник на Струмица.