Кинез дома истрчал 66 километри, за надвор да не се зарази од коронавирусот

Кинескиот атлетичар Пан Шанчу решил коронавирусот да не го спречи да ја одржи формата за трчање. Поради страв од смртоносниот вирус, многу Кинези се „заробени“ во своите домови и не сакат да излегуваат надвор, каде што постои опасност да се заразат. Шанчу решил да остане дома, но да не прекине со трчањето. Низ дневната соба си направил круг за трчање и за шест часа и 41 минута успеал да истрча 66 километри. Атлетичарот вели дека на почетокот малку му се вртело бидејќи цело време трчал во круг.