Им се случува и на најдобрите: Погледнете го лошо изведениот пенал на Имобиле против Наполи

Чиро Имобиле е вистинска гол машина, за три и пол сезони постигна повеќе од 100 гола за Лацио, а оваа сезона постигна 23 гола на 19 натпревари, што го прави лидер во борбата за Златната копачка пред Левандовски. Сепак, вчера во четвртфиналето од купот Чиро се лизна пред да шутне, па тоа изгледаше и помалку смешно. Што да кажеме, им се случува и на најдобрите.