Неверојатен "фер-плеј" потег на футсал терените

Шпанското првентство во футсал, како и тоа во фудбал, е едно од најдобрите во светот. Од Шпанија овој пат ни доаѓа едно видео кое ни ги прикажува спортскиот дух на играта. Солано од Химбе Картагена, на дуелот со Сарагоза не сакаше да постигне погодок од изгледна ситуација, бидејќи еден противнички играч лежеше на теренот поради повреда. Погледнете...