Кина го отвори „Дасинг“, најголемиот аеродром на светот

По пет години изградба, денеска во Кина се отвори аеродромот „Дсинг“. Иако „Дасинг“ е најголем аеродром на светот, проектиран е така што ниеден патник нема да мора да пешачи повеќе од осум минути за да стигне до кој било гејт. Изградбата на новиот транспортен јазол, меѓународниот аеродром „Дасинг“ во Пекинг, чинеше 11,3 милијарди долари.