Авионот слетува над главата на туристите: Оваа писта се наоѓа на грчки Скијатос

Аеродромот на Скијатос е популарна туристичка атракција, а туристите чекаат на патот покрај пистата за да ја доживеат несекојдневната авантура. На ова место постојат и предупредувања на кои пишува дека не треба да се приближувате до пистата, а сите кои одат на овој популарен остров не пропуштаат можност да направат опасно и во исто време возбудливо селфи со авионот.