Бартон уште еднаш покажа дека има „краток фитил“: Со тупаници нападна еден човек и иницираше голема тепачка

Контроверзниот поранешен фудбалер, а сега менаџер на Флитвуд Таун, Џои Бартон уште една покажа дека има незгоден карактер. 39 годишниот Бартон започна тепачка на плажите во њукеј каде што во моментов се наоѓа по повод прослава на забава пред неговата свадба. Бартон ова лето ќе се жени со Георгина Мекнил, па ги собрал пријателите на забава пред официјалната церемонија.