Роботот на „тојота“ шутира тројки како Стеф Кари

Роботот на компанијата „Тојота“ е кошаркар по име Кју, а истиот беше презентиран пред неколку дена во рамки на натпревар од јапонската кошаркарска лига. Во таа пригода неговата задача беше да шутира од линијата за три поени. Во овој сегмент од кошаркарската игра роботот се покажа прилично добар бидејќи, без никакви проблеми, силно шутираше и од половината на теренот.