Вознемирувачки сцени во САД: Гимнастичарка ги скрши двете нозе при еден доскок

Кариерата на младата гимнастичарка Саманта Серио дојде до нејзиниот крај откако таа во текот на натпреварувањето во Луизијана претрпе фрактура на двете нозе. Серио направи се како што треба, изведе двојно салто, но при доскокот не слета баш најдобро, па заработи фрактура на двете нозе како и дислокација на двете колена. Во салата завладеа молк, а помош и се пружеше подолг период.