Му се смее цел свет: Фудбалер на Ден Хаг успеа да го промаши невозможното

На натпреварот од најсилната холандска лига помеѓу Де Графшап и АДО Ден Хаг бевме сведоци на промашувањето на годината. Младиот фудбалер на Ден Хаг, Џовани Трупе успеа да го промаши невозможното. 20 годишниот десен бек беше сам пред празниот гол на противникот, но ја испрати топката високо над голот. Моментот на промашувањето можете да го видите на почетокот на 4-тата минута.