Вистинско уживање со најдобриот: Педесетте хет-трика на маестралниот Меси (Видео)

Аргентинскиот ас, Лионел Меси минатиов викенд имаше страшна партија на пресметката со Севилја која неговата Барселона ја доби со 4-2. Ова за Меси беше 50. хет-трик во кариерата, бројка со која малкумина можат да се пофалат во нивните кариери. Овие 50 хет-трика се распоредени меѓу Барселона (44) и Аргентина (6), а како дојде до истите можете да погледнете во следново видео. Уживајте!!!