Емотивно видео: Федерер се расплака како никогаш досега

Рожер Федерер се подготвува за настап на уште едно издание на Австралија Опен, а во своето последно интервју за „Си-Ен-Ен“ ја покажа и својата емотивна страна. Во моментите кога Швајцарецот зборуваше за својот поранешен тренер Питер Картер, не можеше да ги задржи солзите и уште еднаш покажа колку важна била неговата соработка со Австралиецот.