Реакција на полицаец кога жена во Австралија се обиде да го удри коњот по глава

На испраќањето на старата година се случи невообичаен инцидент што беше снимен со камери во центарот на градот Аделаида, Австралија. На снимката се гледа жена која се обидува да го удри полицискиот коњ со тупаница. Меѓутоа, внимателното прегледување на снимката открива дека нејзината цел бил, всушност, полицаецот кој стои зад коњот. Оваа верзија на настанот подоцна беше потврдена од страна на полицијата.