Во законот за амнестија треба да се дефинира за што ќе бидат амнестирани обвинетите

„Ако спроведувате закон, секој што влегол во Собранието неовластено со упад, без оглед дали извршил насилство, треба кривично да одговара“, рече министерката за правда Рената Дескоска-Треневска. Според неа, факт е дека против сите тие лица не се водат кривични постапки. Таа рече дека веќе има осудени лица за насилствата во Собранието алудирајќи на напаѓачите на вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, и на пратеникот Зијадин Села. Министерката за правда вели дека не знае кои кривични дела ќе бидат опфатени со законот за амнестија.