Крадец по гаќи пропаднал низ плафон на ресторан, се истепал со гостите и побегнал

Полицијата во Алабама соопшти денеска дека крадец без панталони пропаднал низ плафонот на еден ресторан, се истепал со гостите и побегнал од местото. Шефот на полицијата во Тускумбија, Тони Логан, вели дека 27-годишниот Глен Бост се обидел насилно да влезе во канцеларијата на ресторанот Вафл Хаус (Waffle House) преку покривот.