Морбидна компјутерска игра за логорот „Аушвиц“ заврши на суд

Полскиот институт за наследството на народите (IPN) поднесе кривична пријава против украинската продукција на компјутерски игри Aliens games поради најавената нова игра „Цената на слободата – игра за полските логори на смртта“ (The Cost of Freedom – A game about Polish Death Camps), која наводно се одвива во германскиот нацистички концентрационен логор „Аушвиц“, а во која играчите можат да изберат да бидат членови на озлогласените СС-бригади и да убиваат затвореници.