Путин кажа виц за Американците и го изнасмеа првиот човек за национална безбедност на САД

Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува со нетрпеливоста на САД кон Русија, за време на состанокот со американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон. „Ако добро се сеќавам, американскиот грб прикажува белоглав орел, кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, која е симбол на мирољубивата политика. Дали вашиот орел ги изеде сите маслинки и сега му останаа само стрелите?“ прашал Путин смеејќи се, на што Болтон слатко се изнасмеа и му се заблагодари за можноста да се сретнат и да разговараат.