Среќен роденден Маре: Јане на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата 70-годишна мајка

Да се одбере подарок за жена е навистина тешка работа. Токму поради тоа мора да бидеме оригинални. Оригинален бил подарок кој 70-годишната Маре Стефанова го добила од својот син. Јане Стефанов е член на аероклубот "Скопје", а вниманието на јавноста го привлече со неговата оригинална честитка и подарок за 70-тиот роденден на неговата мајка Маре.