Mercedes ја покажа својата најнова технологија

Германскиот производител на автомобили „Mercedes“ покажа на видео на својот канал на „YouTube“ како најновите технологија го минуваат патот од прототипи до сериските модели. Лидер во новите технологии на „Mercedes“ е системот „Cruise Control Distronic Plus“, која за првпат беше прикажана во прототипот „F 800“. Радарот и сетот од стерео камери му овозможуваат на автомобилот да држи безбедно растојание и брзина за време на возењето.