Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека иранската армија соборила американски воен хеликоптер Апачи во близина на Ормускиот теснец и истакна дека САД треба да возвратат на нападот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ирапската армија нападнала и соборила хеликоптер „Апачи“ на американската армија во близина на Ормускиот теснец и најави дека американската армија ќе одговори на тој напад.
„Тукушто бев информиран од нашата голема војска дека синоќа Иранците соборија еден од нашите високософистицирани хеликоптери „Апачи“ кои патролираа во Ормускиот теснец. Двајца пилоти беа вклучени во тој инцидент и двајцата се безбедни и неповредени. САД мора да одговорат на овој напад“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.
Порано денес, американски воен хеликоптер „Апачи“ AH-64 се урна во близина на Ормускиот теснец, а двајца членови на екипажот беа безбедно спасени.







