[ВИДЕО] Африканска ѕвезда откри како изгледа собата на СП. Умираше од смеење

Точка

09/06/2026

21:33

840

Големина на фонт

а а а

Николас Пепе (31), крилниот напаѓач на шпанскиот Виљареал и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, на својот "Instagram" профил им откри на навивачите како изгледа собата во која ќе биде сместен за време на Светското првенство. Тој вклучи пренос во живо на својот профил во моментот кога влегуваше во хотелот.

Се чини дека е исклучително задоволен од сместувањето. Иако на почетокот буквално умираше од смеење, во неколку наврати истакна дека е импресиониран. Така, навивачите на африканската репрезентација добија ексклузивна содржина и увид во тоа каде ќе престојуваат нивните фудбалери за време на авантурата на светскиот шампионат.

Многу тешка група

Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство доаѓа како една од најинтересните африкански репрезентации на турнирот.

Во групата Е ќе игра против Германија, Еквадор и Курасао. Турнирот го отвора на 15 јуни против Еквадор во Филаделфија, потоа на 20 јуни ќе се соочи со Германија во Торонто, а групната фаза ќе ја затвори на 25 јуни против Курасао, повторно во Филаделфија.


Базата на репрезентацијата ќе биде во Честер, недалеку од Филаделфија, каде што ќе го користи стадионот и инфраструктурата на „Филадефија Унион“.

Тимот предводен од селекторот Емерс Фае се пласираше на Светското првенство како победник на својата африканска квалификациска група. Квалификациите ги заврши без ниту еден пораз, со осум победи и две ремија, а особено импресивен е податокот дека на десет натпревари не прими ниту еден гол.

Брегот на Слоновата Коска се враќа на Светското првенство за првпат по 2014 година. Не важи за еден од главните фаворити за титулата, но со оглед на тоа што е актуелен африкански шампион, има зад себе силни квалификации и располага со состав во кој се Франк Кесије, Усман Диоманде, Еван Ндика, Одилон Косуну, Вилфрид Синго и Симон Адингра, очекувањата се јасни: пласманот во нокаут-фазата би бил реална цел, а сè што ќе следува потоа би претставувало голем успех.