Партијата „Вреди“ обвинува дека ДУИ покажува поголема грижа за официјализацијата на српскиот јазик во Куманово отколку за решавањето на проблемите на Албанците, истакнувајќи двоен аршин и политичко лицемерие во пристапот на ДУИ кон етничките прашања.
Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ, велат од „Вреди“.
„Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови.
Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да го отвориме нивниот архив.
А кога ќе се отвори нивниот архив, излегуваат работи што јавноста треба да ги знае“.
Токму оваа партија, која денес од опозиција зборува за албанските права, на врвот на својата власт, на 4 мај 2010 година, овозможила, додаваат од „Вреди“ српскиот јазик да влезе во службена употреба во Општина Куманово, иако Србите, како што велат, сочинуваат околу 6,5 проценти од населението.
„Еве го документот.
Црно на бело. Ова е вистинското лице на ДУИ.
Значи, кога требало да се официјализира српскиот јазик во Куманово, имале желба, гласови и волја. Но кога требало да се решаваат проблемите на Албанците, секогаш имало одложувања и опструкции.
По овој документ, природно се поставуваат неколку прашања.
Зошто толкава грижа за српскиот јазик во Куманово, а за проблемите на Албанците секогаш имаше пречки и доцнења?
Зошто немаа истата волја за правосудниот испит на албански јазик и за правичната и соодветна застапеност“.
Повеќе од 20 години по ред, според „Вреди“, многу прашања на Албанците ги оставаа недовршени, со логиката „помини и продолжи“.
„Вреди“, потенцираат од оваа партија, не е против официјализирање на кој било јазик, но е против политичкото лицемерие.
„ДУИ зборува за Албанците кога е во опозиција. „Вреди“ работи за Албанците кога е на одговорност.
Тоа е разликата што ниту една нивна пропаганда не може да ја прикрие“.











