Во последното деноноќие се пријавени пет случаи на семејно насилство во Македонија, меѓу кои случај каде мајка ги оставала малолетните деца да спијат во возило додека одела на работа, а неколку лица се лишени од слобода поради насилство во семејството.
Утрово на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат.
Децата се предадени на таткото В.С., соопштија надлежните.
Според МВР, две лица се лишени од слобода а поднесени се вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие.
Имено вчера на 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
Вечерта на истиот датум во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
Истиот ден во ОВР Струга бил извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.
Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода и Н.Б.(46) од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.











