Маж од скопско починал, бил зафатен од собирачката за сено на тракторот

Макфакс

09/06/2026

14:40

315

Големина на фонт

а а а

Во селото Грушино, скопско, 73-годишен маж почина при несреќен случај со трактор. Тој бил зафатен од собирачката за сено додека возел трактор кој започнал да се движи.

Седумдесет и тригодишен жител на селото Грушино, скопско, починал по несреќен случај при ракување со трактор, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 8 јуни околу 19 часот во СВР Скопје од приватна здравствена установа во село Арачиново било пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш. (73) од село Грушино.

Полициски службеници извршиле разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој била поставена собирачка за сено и кој бил оставен во брзина, возилото почнало да се движи.

Притоа, според пријавеното, И.Ш. бил зафатен од собирачката за сено.

Тој бил пренесуван кон здравствена установа, но починал на пат.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.