Пред нас е најголемиот фудбалски настан, Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во три земји и тоа САД, Канада и Мексико, настан за кој директно и индиректно има доста критики пред се поради властите во САД.
Иако ова треба да биде фудбалски празник, ситуацијата е поинкава и судиите кои треба да судат имаат проблеми. Имено Омар Абдулкадир Артан кој беше прогласен за најдобар судија во Африка во 2025 година, нема да ја дели правдатата на турнирот откако не доби зелено светло за влез во земјата (САД).
Тој требаше да биде прв арбитар од Сомалија кој ја делел правдата на мундијалите, но бил принуден да се врати во Истанбул откако бил вратен на меѓународниот аеродром во Мајами.
- ФИФА може да потврди дека судијата Омар Абдулкадир Артан нема да може да тренира и да суди на Светското првенство во фудбал 2026 година откако му беше одбиен влез во Соединетите Американски Држави. ФИФА не е вклучена во процесите на имиграција на земјата домаќин, вклучително и во одлучувањето за визи, и властите не информираа дека статусот на г-дин Артан во моментов нема да се промени.
- Во согласност со претходните настани на ФИФА, владата домаќин на крајот одредува кој ќе добие виза и кој ќе биде примен во нивната земја, -порачаа од ФИФА.
Артан верувал дека има важечка виза за работа во САД иако Сомалија е една од земјите на списокот на САД со забрана за патување.







