Рашфорд има јасна идеја каде сака да игра во новата сезона

Дерби

09/06/2026

14:08

376

Големина на фонт

а а а

Англискиот репрезентаитвец, Маркус Рашфорд има јасна идеја за тоа каде сака да игра во натпреварувачката 2026/2027.

Тој е под договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, но веќе долго време е надвор од „Олд Трафорд“ и тешко дека ќе се врати во таа средина. Имено минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона, додека претходно играше како отстапен играч и во Астон Вила што јасно покажува дека приказната со „црвените ѓаволи“ е завршена.

Маркус имаше добри партии за шпанскиот првак, постигна 14 голови и забележа исто толку асистенции на 49 натпревари, но Барса засега је нема искористено опцијата за негов откуп за сума од 30 милиони евра. Каталонците го купија Ентони Гордон од Њукасл и сега станува се потешко Рашфорд одново да го видиме на „Камп Ноу“ под овие услови.

Баерн Минхен во претходниве денови се споменува како опција за Англичанецот, но офанзивецот според „Марка“ има една цел, а тоа е да остане во средината каде што досега настапуваше.

Напаѓачот е подготвен да чека, да добие јасен одговор, потврда од Барса дека не може да го потпише за да дури потоа размислува за други опции.