Челси постави цена за Енцо Фернандез

Дерби

09/06/2026

14:06

267

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Челси ќе отвори ново поглавје со шпанскиот стручњак Чаби Алонсо, сезона во која клубот ќе има само домашни обврски со оглед на тоа што не се прослави во натпреварувачката 2025/2026 и остана без пласман во Европа.

Навивачите на клубот со нетрпение ги очекуваат потезите на Алонсо и како ќе изгледа екипата под негово водство. Засега е тивко кога се во прашање потенцијалните засилувања, но има доста имиња кои се споменуваат како асови кои можат да го напуштат „Стемфорд Бриџ“.

Еден од нив е Енцо Фернандез со тоа што мора да се потенцира дека е под договор до 2032 година и Челси нема намера лесно да се откаже од него.

Аргентинецот е поврзуван со Реал Мадрид, се споменуваат ПСЖ, Манчестер Сити, меѓутоа кој и да се обиде да го донесе ќе мора широко да ги отвори ќесото и да издвои 120 милиони фунти. Ова го пренесува „Дејли Мејл“ што јасно говори дека премиерлигашот не размислува да остане без Енцо, поточно тоа би било направено во посебен случај кога се во прашање многу пари.

Инаку тој во сегашната средина пристигна од Бенфика и тоа за 106,8 милиони фунти. Минатава сезона ја заврши со 15 гола и 7 асистенции на 54 натпревари.