Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор кон европската иднина на Македонија преку приклучување кон иницијативата „Роаминг како дома“, која ќе овозможи користење мобилни услуги без дополнителни трошоци во Европа под услови еднакви на домашните тарифи.
За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Таа појасни дека со „Роаминг како дома“, граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, СМС-пораки и мобилен интернет, без дополнителни роаминг трошоци, односно под услови еднакви со домашните тарифи.
„Поконкретно, добиваме помали трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, подобри услови за компаниите и поевтина прекугранична соработка. Тоа значи конкретна придобивка од европската интеграција, која граѓаните ќе ја почувствуваат директно во секојдневниот живот“, рече Бојковска.







