[ВИДЕО] Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија, рече Лефков

Макфакс

09/06/2026

12:10

162

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Венко Филипче е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти и како специјален пратеник ја шири бугарската политика во Македонија, критикувајќи го за барање уставни измени што не нудат гаранции за националните интереси.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти.

„Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков.

Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на земјите од Западен Балкан и за Планот за раст, Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев, според него, бараат уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Лефков оцени дека таквиот пристап не нуди гаранции за заштита на националните интереси и не обезбедува предвидлив евроинтегративен пат за државата.

Тој обвини дека Филипче и СДСМ доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари.