[ФОТО/ВИДЕО] Поранешниот премиер и пејачката за првпат заедно на црвениот килим: Погледите кажуваат сè

Точка

09/06/2026

12:08

1.358

Големина на фонт

а а а

Кејти Пери и Џастин Трудо за прв пат заедно се прошетале по црвениот килим во понеделник на фестивалот Трибека. Поранешниот канадски премиер (54) дошол да ја поддржи поп-ѕвездата (41) на премиерата на нејзиниот концертен филм „Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris“ што се одржа на 8 јуни во Њујорк. Парот е во врска од летото 2025 година.

За таа пригода, Пери носела бел фустан со детали во форма на рози, а косата ѝ била собрана во пунџа. Трудо се одлучил за класика – црн костум и беспрекорно бела кошула. Поранешниот премиер блескал додека пејачката ги поздравувала обожавателите и новинарите на црвениот килим, а парот разменувал нежности пред камерите.


Гласините за нивната романса првпат се појавија во јули 2025 година, кога парот бил забележани со мало куче во парк во Монтреал, а подоцна на вечера во блискиот ресторан „Le Violon“. Претставник на ресторанот тогаш изјавил за „People“ дека парот „изгледал како да имал фантастична вечер“. Тој додал дека се сретнале со готвачот Дени Смајлс и отишле во кујната по оброкот за лично да му се заблагодарат на персоналот.

„Тие беа исклучително љубезни и пријателски расположени кон персоналот и беше апсолутно задоволство да ги угостиме“, рекол претставникот. По вечерата, Трудо бил виден и на концертот на Кејти Пери во Монтреал на 30 јули 2025 година.


Нивната врска започнала еден месец откако било потврдено дека Пери и 48-годишниот Орландо Блум ја раскинале својата свршувачка по девет години. Парот се појавил и на настан во април, каде што позирале со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос и неговата сопруга Никол Авант.


Пејачката како поддршка на неговите деца

Во меѓувреме Пери ги запознала и децата на Трудо. Неговиот син Ксав, кој исто така се занимава со музика, неодамна открил дека често ѝ се обраќа за совет. „Кога сум навистина задоволен од некоја песна, ѝ ја праќам“, рекол 18-годишниот Ксав во април за време на појавувањето во поткастот „Can’t Be Censored“. „Таа секогаш со задоволство ми дава совет или ми кажува што треба да сменам“, додал тој.



Пери за новиот филм

„Ова е многу поразлично од филмот „Part of Me“ изјавила за „People“ пејачката на хитот „Thinking of You“ осврнувајќи се на нејзиниот документарец од 2012 година. „Тоа беше повеќе документарец за мојот живот и ова е навистина врвно концертно искуство за обожавателите“, додала таа.


„Го правам сето ова за моите обожаватели бидејќи тие се оние кои беа со мене сите овие години, повеќе од 18 години, и едноставно е забавно да се долови нешто такво“, заклучила Пери, истакнувајќи дека енергијата на турнејата била „неверојатна“.