Американски воен хеликоптер се урна во близина на Ормускиот теснец

Макфакс

09/06/2026

08:27

184

Големина на фонт

а а а

Американски воен хеликоптер се урна во Ормускиот теснец, но членовите на екипажот се спасени. Причините за уривањето сè уште не се јасни, а засега нема официјални коментари од САД.

Американски воен јуришен хеликоптер се урна вчера во Ормускиот теснец, а неговите двајца членови на екипажот беа безбедно спасени, објави.

Весникот, повикувајќи се на две лица запознаени со инцидентот, наведува дека сè уште не е јасно дали хеликоптерот „Апачи“ бил соборен, дали претрпел технички дефект или се урнал од некоја друга причина.

Белата куќа и Централната команда на САД (CENTCOM) сè уште не го коментирале извештајот.