Де Ла Фуенте ги „поздрави“ критичарите: Го сакам овој Гави…

Дерби

09/06/2026

07:26

313

Големина на фонт

а а а

Шпанија се подготвува за Светското првенство, а на еден од претходните тренинзи секогаш енергичниот Пабло Мартин Паез Гавира имаше еден невнимателен старт над Родри во борба за топка, старт кој стана вирален и донесе коментари.

Иако ништо страшно не се случи, се крена доста врева, се јавија критичарите на фудбалерот на Барселона особено медиумите од Мадрид кои откако Гави се најде на списокот на патници за СП, постојано го имаат на пик и имаа одредени замерки.

Меѓутоа шпанскиот селектор Луис Де Ла Фуенте ги поздрави на културен начин и им порача дека потребен му е овој борбен Гави и дека не е потребно никакво извинување.

-Ова е фудбал, тоа е тренинг. Играчите даваат сè од себе и никој не мора да се извинува. Сè е во ред. Гави има енергија и мотивација. Мора да го контролира темпото, но јас го сакам овој Гави, -порачал стартегот.