Израелска војска: Пресретнавме дрон од Јемен

Макфакс

09/06/2026

07:12

165

Големина на фонт

а а а

Израелската војска објави дека пресретнала беспилотно летало од Јемен над јужниот дел на земјата. Инцидентот се случи во областа на Еилат, а одговорноста за нападот ја презеде проиранската група Хути, која изврши и ракетни напади врз Израел.

Израелските воздухопловни сили пресретнаа дрон од Јемен над јужен Израел, соопшти војската рано утрово.

Војската на Икс соопшти дека инцидентот во воздушниот простор над градот Еилат на Црвеното Море завршил, без да прецизира која група ја смета за одговорна за нападот со беспилотното летало.

Хутите, проиранска вооружена група што дејствува во Јемен, ја презедоа одговорноста за нападот врз Израел во понеделник, во кој беа вклучени неколку ракети.

Ова беше првиот директен напад на Хутите врз Израел од почетокот на април, околу времето кога стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран.

Нападот се случи по последната размена на оган меѓу Израел и Иран. Двете земји подоцна во понеделник соопштија дека привремено се воздржуваат од понатамошни напади.