Во Гази Баба вчера избувна пожар во стан предизвикан од запалена свеќа. Една лице повредена и пренесена во Ургентен центар, додека пожарот беше успешно изгаснат од противпожарната бригада.
Вчера во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С. (22) од Скопје.
Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје.







