Нето турна собирач на топки и предизвика хаос на теренот во Париз

Дерби

12/03/2026

12:44

123

Големина на фонт

а а а

Последниот црвен картон на Педро Нето донесе многу критики за португалскиот фудбалер и негативен ефект за неговата екипа на теренот, но истиот фудбалер вчера повторно се најде во позиција поради која мораше да се извинува.

Челси губеше со 4:2 во судиското надополнување на гостувањето кај ПСЖ, а Нето оттурна едно од момчињата задолжени за дистрибуција на топките околу теренот, по што предизвика и хаос на теренот.

Нето интересно не заработи никаков картон во оваа ситуација и се спаси од дополнителна санкција, но дефинитивно треба да поработи на своето однесување и дисциплина. Фановите на Челси пак се потсетија на инцидентот од 2013 година, кога Еден Азар удри собирач на топки, заработи исклучување и подолга суспензија.

По натпреварот, Нето се извинил за сцената и открил дека му се извинил и на детето кое настрада од неговиот потег.