Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Индијан Велс и тоа со пораз од многу помладиот Џек Дрејпер, со резултат 2:1 во сетови.
Српскиот тенисер го доби првиот сет со 6:4 и најави дека ќе се бори жестоко за место во следната рунда, но британскиот тенисер успеа да направи пресврт во продолжение од мечот.
Дрејпер возврати со 6:4 во вториот и го доби третиот сет со 7:5, па веќе може да размислува за четвртфиналето, каде противник ќе му биде Данил Медведев.
Ѓоковиќ на моменти беше исцрпен од жестокото темпо на мечот, а тоа се случи и по една долга и драматична размена, која заврши со поен токму за ветеранот.
Novak Djokovic wins "the best point you will ever see" pic.twitter.com/qyT2Rlnmas
— asud (@asud683385) March 12, 2026








