Мајли Сајрус и Макс Морандо се свршија по четири години врска. Двојката, која е заедно од 2021 година, предизвика лавина од гласини кога се појави на црвениот тепих на светската премиера на „Аватар: Оган и пепел“ во Лос Анџелес, а сега „Пејџ сикс“ ја потврди среќната вест.
Дијаманскиот прстен во преден план
Додека позираа за фотографите, Мајли вешто го стави својот блескав дијамант во центарот на вниманието. Нејзиниот свршенички прстен го потврди и дизајнерот на накит Џеки Ајш, чиј тим објави дека прстенот е рачно изработен според мерките на пејачката.

Станува збор за дијамант во облик на перниче, поставен во 14-каратно жолто злато – парче кое блеска како да сака да напише свој наслов.
Гламур на црвениот тепих
За ова појавување, Мајли блескаше во црн, раскошен фустан со светки, со тесен корсет, набрано здолниште и долг прорез. Морандо, од друга страна, донесе вечна елеганција во класично црно одело и бела кошула.


Љубовта што се случи случајно
Маџли откри за британскиот „Вог“ во мај 2023 година дека почнала да се забавува со тапанарот „пред околу две години“.
„Бевме поврзани на слепо“, рекла таа во таа пригода, додавајќи: „Па… тоа беше слепо за мене, но не и за него навистина.“

Ѕвездата од „Хана Монтана“ суптилно ја „лансираше“ романсата во ноември 2021 година во објава на Инстаграм од модната ревија на Гучи во Лос Анџелес – каде Морандо се појави на една од фотографиите.










