[ФОТО] Првата сопруга на Џорџ Клуни, што сите ја заборавиле: Еве како изгледа денес

Точка

02/12/2025

22:00

454

Големина на фонт

а а а

Вистина е дека Амал Клуни (Аламудин) беше и остана животна сопатничка на Клуни, љубовта на неговиот живот.

Меѓутоа, многумина заборавиле дека Џорџ Клуни имал еден брак пред неговата сопруга адвокатка.


Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, познатиот холивудски актер бил во брак со актерката Талија Балсам. Бракот, според мислењата на многумина, бил избрзана одлука. Тие се венчале во Лас Вегас, а се развеле само 4 години подоцна.


„Јас сум веројатно, дефинитивно, некој што не требаше да се жени тогаш. Имам чувство дека не ѝ дадов фер шанса на Талија. Јас сум одговорен за неуспехот на тој брак“, признал подоцна Клуни.

После неа, Клуни беше решен никогаш повеќе да не се жени. Меѓутоа, ја запознал Амал Аламудин, со која сега има син, Александер и ќерка, Ела.


Што се однесува до Талија, таа ја продолжила својата актерска кариера и повремено се појавува на престижни настани. Таа е во брак со актерот Џон Слејтер од 1998 година.


Парот живее во Њујорк и нивниот приватен живот не е медиумски покриен – токму како што сакале.