Дејв Кулиер, ѕвезда на култната серија „Полна куќа“, објави дека повторно се бори со тешка болест.
Само неколку месеци откако ја победи болеста не-Хочкин лимфом, на актерот му е дијагностициран нов, сосема неповрзан рак.
Нова дијагноза откриена случајно
Гостувајќи во емисијата „Today“, Кулиер открил дека неодамна му е дијагностициран p16 сквамозен карцином, вид рак на глава и врат. Болеста била откриена за време на рутинско ПЕТ снимање по третманот од лимфом.
„Сосема е неповрзано со претходниот рак што го имав“, зборувал актерот „Па, во октомври годинава отидов на ПЕТ снимање, само рутински преглед, и нешто се појави на ПЕТ-скенот. Се покажа дека имам p16 сквамозен карцином на коренот на јазикот. Па ги прашав лекарите дали тоа се случило поради лимфомот. А тие рекоа дека е сосема неповрзано.“
Прогнозите се добри
Актерот го очекуваат 35 циклуси зрачење, а со терапијата треба да заврши на последниот ден од годинава. И покрај сè, прогнозите се многу оптимистички.
„Прогнозата е многу добра за p16 сквамозниот карцином“, нагласил Кулиер. „Значи, има стапка на излечивост поголема од 90%. Исто така, рано ми беше откриен ракот, како и првиот пат, што ми го спаси животот.“
Тоа искуство го искористил и за започнување на дигиталната платформа „AwareMarket“, посветена на продажба на нетоксични производи, што е идеја која се роди додека поминувал низ хемотерапија.
Семејството му дало сила за борба
Да потсетиме, во ноември минатата година Кулиер објавил дека боледува од не-Хочкин лимфом во трет стадиум. Дијагнозата ја добил откако поради инфекција на дишните патишта отишол на преглед на отечени лимфни јазли.
„Ова навистина беше брзо возење на тобоган“, рекол тогаш. „Гледав како тие зборови влијаат на мојата сопруга Мелиса и помислив: ‘Знаеш што, ќе бидам силен низ ова, не само за себе, туку ќе бидам силен и за неа.’“
За жал, семејството на актерот има долга историја на борба со рак. Ја изгубил мајка си, сестра и внуката поради оваа болест, а токму нивните борби му дале сила. „Гледав низ што поминале тие жени во моето семејство и помислив: ‘Ако можам да бидам само 1/10 од силата што тие ја имаа, тогаш ќе биде добро’“, додал.
Говори за своето искуство заради важноста на превенцијата
Кулиер раскажа како тој и сопругата Мелиса, со која е во брак од 2014 година, воделе тешки разговори „што ако“ за време на првата борба со рак. Споделувајќи ја својата приказна, се надева дека ќе ги поттикне другите на важноста од редовни прегледи.
„Внимавајте на себе, бидејќи толку многу треба да доживеете“, им порачал на обожавателите. „А ако тоа значи да зборувате со своите лекари или да направите мамографија, преглед на дојки или колоноскопија, тоа навистина може да направи голема промена во вашиот живот.“











