Конечно „пресекла“: „Нема да ги соблекувам потпетиците поради низок маж“

Точка

02/12/2025

19:01

407

Големина на фонт

а а а

Актерката Мишел Монахан неодамна проговорила за еден специфичен проблем со кој се соочувала во нејзината кариера, пишуваат странските медиуми.

Имено таа истакнала дека честопати морала да ги соблекува високите потпетици за време на снимањата бидејќи била значително повисока од нејзините машки колеги.


Меѓутоа, како што истакнала за „The Hollywood Reporter“, таа практика завршила.

Монахан се присетила на снимањето на филмот „Somewhere“ од 2010 година, каде што глумела заедно со колегата Стивен Дорф.


„Единствениот детаљ што го паметам од таа сцена е кутијата на која стоеше бидејќи е понизок од мене. Тоа е оној класичен холивудски момент: „Ова е проблем. Ќе мора да ги соблечеш потпетиците“, рекла актерката.

Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ објаснила дека ситуацијата се променила и дека ставила крај на таа воспоставена практика.


„Патем, повеќе не го правам тоа. Имаше период во мојата кариера кога тоа се очекуваше од актерките, но сега мислам дека тие едноставно знаат подобро, што веројатно е добра работа“, објаснила Монахан, додавајќи:


„Нема да ги соблекувам чевлите за никого – освен ако проблемот е звукот“, заклучила таа.