Американската актерка и комичарка Ејми Шумер одлучила да стави крај на постојаните коментари за својот изглед и губењето килограми, објаснувајќи дека 22,5 килограми ги изгубила поради борба со тешка болест, а не поради естетски причини. Во објава на Инстаграм открила дека се чувствува подобро од било кога и дека сега е „без болка“.
Шумер (44) во понеделник, на 1 декември, објави видео кое го сними нејзиниот шестгодишен син Џин, во кое преку текстуални пораки одговара на „прашања“ за својот пат на слабеење. Таа започнала со изјава дека не користи ботокс ниту филери и истакнала дека не изгубила 13,5, туку 22,5 килограми.
„Не за да изгледам секси, што е смешно и привремено“, напишала таа. „Ги изгубив килограмите за да преживеам.“

Борба со тешка болест
Актерката се повикала на својата дијагноза — Кушингов синдром. „Имав болест која го прави лицето екстремно отечено и која може да убие, но интернет ја препозна, и болеста се повлече“, појаснила таа.
Синдромот на Кушинг е состојба предизвикана од премногу висок нивои на кортизол, главниот хормон на стресот. Според „Mayo Clinic“, покрај отеченото и заобленото лице, симптомите вклучуваат зголемување на телесната тежина во пределот на торзото, рацете и нозете, висок крвен притисок и појава на стрии.

„Жалам за било какво чувство што ви го дава тоа што ја изгубив таа тежина“, продолжила Шумер, повторувајќи дека во текот на годините имала пластични операции и дека користи лек Мунјаро. „Жалам за секого кого тоа го разочара.“
Сепак, таа истакна дека сега е „без болка“ и дека може да се „игра ловење“ со својот син Џин.
Перименопауза и гласини за бракот
Шумер се осврнала и на перименопаузата, за која уште во февруари 2024 открила дека ја проживува заедно со дијагноза ендометриоза. „Со задоволство ќе споделам ако некој има прашања за тоа како изгледам или се чувствувам, или на кој дел сум во својот процес на перименопауза“, порачала таа.
На крајот се осврнала и на шпекулациите за бракот со сопругот Крис Фишер, кому му е дијагностициран аутизам.
„Што и да се случи со Крис, нема врска со губењето килограми или аутизмот“, напишала таа. „Се надеваме дека ќе успееме, тој е најдобриот.“

Извор близок до парот во ноември изјавил за „People“ дека Шумер и Фишер (45) се посветени на својата врска и дека „приватно ги решаваат вообичаените проблеми кои ги имаат паровите во долгогодишните бракови“. И самата актерка претходно во ноември ги демантирала гласините за развод, пишувајќи на Инстаграм: „Крис и јас сè уште сме во брак.“











