[ВИДЕО] Познатиот бербер Ерко за ќеркичката која ја победи леукемијата: „Животот ти се менува кога ѕвони ѕвончето на Детската клиника, тоа нема цена“

Точка

02/12/2025

15:19

1.286

Големина на фонт

а а а

Познатиот скопски бербер Ерко гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров, каде меѓу другото зборуваше за најтешката борба во својот живот, а неговите зборови никого не оставаат рамнодушен.

Иако секогаш е насмеан, шиша многу познати Македонци и снима забавни видеа за Инстаграм, Ерко крие голема храброст и лични предизвици зад својот ведар карактер.

Тој е горд татко на две деца – Дариа (6) и Дарис (10), а неговата ќеркичка пред три години ја победи леукемијата.


„Докторката ми дава книга, свртена наопаку, и ми вели: ‘Еве тука сè ти е објаснето’. Јас ја земам книгата, на насловната страница има слика од детенце и пишува: ‘Моето дете има рак’. Многу лош момент. Ја гледаш книгата и велиш: ‘Зошто мене’?“, се присетил Ерко на моментот кога му ја соопштиле дијагнозата.


„Излегов надвор, почнува да врне и се стемнува, застануваш пред болница, без компас. Си велев – и што сега?“.

„Азра е херојот во оваа приказна, таа остави сè зад себе за да биде со Дариа и да ѝ биде целосна поддршка“, вели тој за сопругата.

Во јули 2022 година малечката Дариа, по 9-месечното лекување од леукемија го заѕвони ѕвончето на Детската клиника и си замина оттаму, оставајќи ја најтешката животна битка зад себе.

„Ова е моментот кога ти се менува животот, во позитивна смисла. Имаш момент кога животот ти се менува, кога ти ја даваат книгата и тука имаш една победа со исчитана книга и сите поминати процеси од книгата. Нема цена“, вели Ерко, гледајќи го видеото од ќеркичката како ѕвони на ѕвончето.

Во продолжение погледнете го целиот поткаст: