Реал Мадрид и Барселона се очекува да водат нова битка за титулата во шпанското првенство, но од друга страна, се наѕира и нивни можен дуел на трансфер пазарот уште во првите месеци од новата 2026-та година.
Шпанските великани во овој моменет се заинтересирани за ист фудбалер и будно го следат случајот во Дортмунд, а во ситуацијата станува збор за Нико Шлотербек кој постојано ги одолговлекува преговорите со својот актуелен клуб.
Иако има важешка понуда од Борусија да стави потпис на нов договор според кој ќе добива четирипати поголема плата од актуелната, Шлотербек и неговите агенти очигледно сметаат дека 8 милиони евра не се доволни за него, па сега ќе разгледува и поатрактивни понуди од поелитни клубови.
Баерн Минхен веќе извесно време ја следи ситуацијата со германскиот репрезентативец, но угледниот „Билд“ информира дека баварците овојпат ќе имаат сериозна конкуренција во обидот да привлечат уште еден од најдобите играчи на „милионерите“.
Ханси Флик добро го познава Шлотербек од периодот во Баерн Минхен и времето кога беше германски селектор, но истото важи и за Чаби Алонсо кој до пред само неколку месеци работеше во Бундеслигата како тренер на Баер Леверкузен.
Договорот на Шлотербек со Борусија истекува во 2017-та година, па ако не стави потпис на нов, јасно е дека Дортмунд ќе мора да го продаде наредното лето, или пак можеби уште во јануари.







