Конте го понесе приматот „најдобар во Италија“ и порача: Направивме нешто извонредно со помош на Интер

Дерби

02/12/2025

12:55

110

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте беше избран за најдобар тренер во Италија на свечената гала Калчо вечер, настан на кој вчера беа доделени најважните признанија за изминатата натпреварувачка сезона на чизмата.

Наполи вторпат стигна до титулата во период од три години и тоа го направи по катастрофална сезона во која тимот луташе со различни тренери, а бидејќи најголем дел од заслугата му се препишува на Конте, Антонио сосема заслужено го понесе приматот за најдобар тренер во Италија.

Лидерот на Наполи оваа сезона се наоѓа пред уште поголем предизвик во ситуација кога е бранител на титулата, но какошто вели самиот, првата сезона ќе ја памети по извонредниот успех во кој мала помош добија и од Интер.

– Освоеното Скудето беше тешко изборено. Го сакавме по секоја цена, знаејќи дека треба да направиме нешто извонредно за да победиме тим исполнет со голем број шампиони како Интер.

– Успеавме да го издржиме ритамот, добивме мала помош благодарение на нивните обврски во Лигата на шампиони, но какошто одминуваше времето, почнавме да веруваме и на крајот момците направија нешто неверојатно и специјално, – изјави Конте.