Македонија го продолжи својот контиунитет на настапи на големи натпреварувања, па така претстојниот јануари повторно ќе биде дел од еден елитен настан, односно од Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Ждрепката посака Македонија да се најде во групата Б во Хернинг од која дел ќе бидат и домаќинот Данска, Романија и Португалија, а во иницијалните најави за подготовките кои следат, селекторот Кирил ЛАзаров сега го објави и почетниот список за континенталниот собир.
Македонскиот селектор денеска го објави поширокито список и на него се најдоа 35 ракометари, од кои дури 33 се од домашното првенство, а само двајца интернационалци.
Голманот Мартин Томовски од Битигхајм е првиот на листата интернационални играчи, а втор е левиот бек Михајло Младеновиќ кој настапува во Кретеј.
Поширокиот список на Македонија за ЕП:
Голмани:
Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Томовски (Битигхајм, Германија)
Марко Кизиќ (Алкалоид)
Иван Галевски (Алкалоид)
Васил Гогов (Вардар 1961)
Леви крила:
Гоце Ојлески (Охрид)
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Иван Џонов (Алкалоид)
Марио Стојановски (Вардар 1961)
Димитар Димитриоски (Прилеп)
Десни крила:
Никола Костески (Алкалоид)
Ненад Костески (Алкалоид)
Ален Ќосевски (Вардар 1961)
Александар Петковски (Алкалоид)
Средни бекови:
Игор Ѓорѓиев (Алкалоид)
Марко Митев (Алкалоид)
Дамјан Митев (Алкалоид)
Марио Танкоски (Вардар 1961)
Мартин Ивановски (Алкалоид)
Десни бекови:
Мартин Серафимов (Алкалоид)
Томислав Јагуриновски (Охрид)
Филип Николов (Бутел Скопје)
Мартин Велковски (Алкалоид)
Давид Савревски (Охрид)
Леви бекови:
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид)
Михајло Младеновиќ (Кретеј, Франција)
Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
Милан Лазаревски (Вардар 1961)
Валентин Карасманакис (Алкалоид)
Марко Стојковиќ (Алкалоид)
Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер
Дефанзивци:
Никола Маркоски (Алкалоид)
Михаил Аларов (Алкалоид)











