Флорентино Перез донел одлука, Родриго ќе биде продаден

Макфакс

02/12/2025

12:20

120

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, донел одлука, која е и очекувана, да го продаде бразилскиот крилен напаѓач, Родриго.

Шпанскиот новинар, Марио Кортегана наведува дека овој фудбалер го изгубил статусот „недопирлив“ и клубот е подготвен да го продаде во зимскиот преоден рок.

„Понудите што ќе пристигнат за Родриго ќе бидат разгледани. Тој повеќе не е „недопирлив“, особено откако стигна до очајната бројка од 30 натпревари без постигнат гол. Тој го израмни негативниот рекорд на Маријано Дијаз“, рече Кортегана.

„Кралевите“ сакаат да заштедат што е можно повеќе, па затоа се подготвени да слушнат понуди за него во јануари, а се очекува една да биде прифатена.

Интересот за 24-годишникот доаѓа претежно од англиската Премиер лига, а неговата моментална цена е 80 милиони евра.

Родриго е член на Реал од 2019 година. Сепак, тој никогаш не успеа да го достигне статусот што го постигна Винисиус Жуниор, иако имаше шанса.

Тој беше херој во претходните години. Му донесе на Реал неколку пати и тоа како резерва, но во изминатата година е едноставно непрепознатлив и не е ни чудо што клубот сака да го продаде.

Одигра вкупно 285 натпревари во дресот на шпанскиот гигант и има учинок од 68 гола и 53 асистенции.

Истиот извор наведува дека Дани Себаљос и Фран Гарсија, исто така се вишок во Реал. Се очекува и тие во зимскиот преоден рок да го напуштат клубот.