Вирално видео: Што прави Бекам кога ќе здогледа капчиња на Јунајтед и Ливерпул во продавница на „Адидас“

Дерби

02/12/2025

12:00

218

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам ја чека првата МЛС титула како еден од косопствениците на Интер Мајами, но во период кога сите се во исчекување на финалето против Ванкувер кое се игра во сабота, легендарниот Англичанец стана интересен на социјалните мрежи и со една објава од Манчестер Јунајтед.

Англискиот великан објави едно интересно видео преку својата официјална веб страна, а истото многу брзо стана вирално и посебно наиде на реакции меѓу фан-базата на „ѓаволите“.

Како жива легенда на клубот од „Олд Трафорд“, Бекам секако има развиено анимозитет кон лутиот ривал Ливерпул, па тоа го покажува и бо најобична продавница на „Адидас“.

Манчестер Јунајтед покажа што прави Бекам кога ќе здогледа капчиња на Јунајтед и Ливерпул во продавница на „Адидас“, а видеото брзо предизвика безброј реакции на социјалните мрежи.

Бекам одигра 15 натпревари против Ливерпул во својата играчка кариера, а истите ги заврши со учинок од три погодоци и шест асистенции.