Фудбалерите на Ница, Џереми Бога и Терем Мофи покренаа судска постапка откако беа физички нападнати од сопствените навивачи. Двајцата моментално се на боледување поради инцидентот што го фрли клубот во хаос, јавуваат медиумите.
Сè се случи во недела навечер, по поразот од 3:1 од Лориен. Клубскиот автобус пристигна во тренинг центарот. Таму, играчите и персоначот беа пречекани од околу 400 бесни навивачи. Бога и Мофи беа удирани со тупаници, клоцани и плукани. Наводно, кон нив биле упатени расистички навреди.
Поради нападот Бога, тој доби петдневно боледување, а Мофи ќе биде надвор од терените до следната недела. На нигерискиот напаѓач наводно му била потребна помош од голманот Јехван Диуф за безбедно да влезе во просториите на клубот.
Иако играчите биле предупредени за можен непријателски пречек при напуштање на аеродромот, тимот сепак одлучил да се врати во тренинг центарот.
По пристигнувањето, на двајца претставници на навивачите им било дозволено да влезат во автобусот за да го изразат своето незадоволство. Ситуацијата ескалирала кога тие се излегувале од автобусот. Во метежот, и покрај присуството на обезбедување, бил нападнат и спортскиот директор Флоријан Морис.
Клубот, во сопственост на Сер Џим Ратклиф, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, е во длабока резултатска криза. Тие моментално се десетти на табелата во Лига 1 со шест последователни порази. Тоа е драстичен пад во споредба со минатата сезона, кога завршија на четвртото место.
Француските медиуми пишуваат дека тренерот Франк Хаиз размислува да го напушти клубот.







