Далас го засени трипл-дабл учинокот на Јокиќ, Феникс ја прекина серијата на Лејкерс

Дерби

02/12/2025

11:29

109

Големина на фонт

а а а

Рано утрово се одиграа девет натпревари во американската НБА лига, а на два од нив, Денвер и ЛА Лејкерс претрпеа неочекувани порази на домашен терен.

Нагетси влегоа во фаза „топло-ладно“ на последните неколку натпревари и така продолжија и во пресмеката со Далас, на која на домаќините не им беше доволен и импресивниот трипл-дабл учинок на Никола Јокиќ.

Србинот го заврши мечот со 29 поени 20 скокови и 13 асистенции, но и тоа не му беше доволно на домашниот тим да слави победа против расположените Маверикси.

Далас победи со 121:131 во меч во кој прво име беше Ентони Дејвис со 32 поени и 13 скокови, а важна улога во победата одиграа и Небхард со 28, Флег со 24 и Томпсон со 15 поени.

Пораз на домашен терен претрпе и Лејкерс од Феникс, а тоа значеше дека „езерџиите“ ставаат крај на својата импресивна серија од седум натпревари на кои славеа победи.

„Сонцата“ беа подобри во Лос Анџелес со 108:125, а во натпревар на кој до израз дојде тимската игра, најефикасен во победничкиот тим беше Брукс со 33 поени.

Лука Дончиќ одново беше на ниво и зад своето име запиша 38 поени и 13 скокови, но останатите соиграчи не беа на висина на задачата и сам не можеше да направи ништо повеќе.

НБА резултати:

Детроит – Атланта 99:98

Индијана – Кливленд 119:135

Вашингтон – Милвоки 129:126

Бруклин – Шарлот 116:103

Мајами – ЛА Клиперс 140:123

Орландо – Чикаго 125:120

Денвер – Далас 121:131

Јута– Хјустон 133:125

ЛА Лејкерс – Фeникс 108:125